1 Коринќаните 10:25-30 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

25. Јадете сè што се продава во месарница, не испитувајќи ништо заради совеста,

26. зашто „Господова е земјата и сè што ја исполнува.”

27. Ако некој од неверниците те повика на јадење и сакаш да отидеш, јади од сè што ќе сложат пред тебе, не испитувајќи ништо, заради совеста.

28. Ако некој ти рече: „Ова било принесено на жртва,” не јади заради оној, кој те известил и заради совеста.

29. Но не мислам на твојата совест, туку на оној другиот. А зошто мојата слобода да биде судена од туѓа совест?

30. Ако учествувам со благодарност, зошто да ме хулат за она за што благодарам?

1 Коринќаните 10