1 Коринќаните 10:10-14 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

10. Ниту роптајте, како што роптаа некои од нив, и загинаа од истребителот!

11. А сè тоа им се случи за пример, и е напишано за поука нам, врз кои дојдоа краевите на времињата.

12. И така, кој мисли дека стои, нека внимава да не падне!

13. Никакво искушение не ве постигна, освен човечкото. А Бог е верен и не ќе дозволи да бидете искушувани над вашите сили, туку заедно со искушението ќе ви даде и излез, за да можете да го издржите.

14. Затоа, мои возљубени, бегајте од идолопоклонството!

1 Коринќаните 10