1 Коринќаните 10:1-6 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

1. Не сакам да ви остане непознато, браќа, дека сите наши татковци беа под облакот и сите минаа низ морето;

2. и сите се крстија во Мојсеја, во облакот и во морето;

3. и сите јадеа иста духовна храна;

4. и сите пиеја иста духовна напивка; зашто пиеја од духовната Стена, која ги следеше, а таа Стена беше Христос.

5. Но Бог не најде благоволение во нив, и беа погубени во пустината.

6. А тие нешта станаа примери за нас, за да немаме зли желби, како што ги имаа тие.

1 Коринќаните 10