1 Коринќаните 1:3-9 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

3. благодат ви вам и мир од Бога, нашиот Татко, и од Господа Исуса Христа.

4. Секогаш Му благодарам на својот Бог за вас, за Божјата благодат што ви е дадена во Христа Исуса,

5. и зашто во Него се обогативте во сè, во секое слово и во секое знаење,

6. како што Христовото сведоштво се зацврстило меѓу вас,

7. така да не сте во недостаток од ниеден дар, чекајќи го откровението на нашиот Господ Исус Христос;

8. Кој ќе ве утврдува и до крај, за да бидете беспрекорни во Денот на нашиот Господ Исус Христос.

9. Верен е Бог, преку Кого сте повикани во заедништво со Неговиот Син, Исус Христос, нашиот Господ.

1 Коринќаните 1