1 Коринќаните 1:22-31 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

22. И додека Јудејците сакаат знаци, а Грците бараат мудрост,

23. ние Го проповедаме распнатиот Христос, соблазан за Јудејците, безумство за Грците,

24. а за самите повикани - и Јудејци и Грци, Христос, Божја сила и Божја мудрост,

25. зашто безумното од Бога, помудро е од луѓето; и слабото од Бога, посилно е од луѓето.

26. Гледајте го, браќа, само своето повикување! Нема тука многу мудри по човечко сфаќање, нема многу силни, ниту многу од благороден род.

27. Туку, Бог го избра она што е безумно пред светот, за да ги посрами мудрите; што е слабо пред светот, Бог го избра, за да ги посрами силните;

28. и што е неблагородно и што е презрено во светот - и она што се смета за ништо - Бог го избра, за да го уништи она што е нешто,

29. за да не може ниедно тело да се пофали пред Бога.

30. Од Него сте и вие во Христа Исуса, Кој ни стана мудрост од Бога, праведност, и осветување, и искупување,

31. за да биде како што е напишано: „Кој се фали, во Господа да се фали!”

1 Коринќаните 1