1 Јован 5:18-21 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

18. Знаеме дека ниеден, кој е роден од Бога, не греши, туку родениот од Бога се пази себеси и лукавиот не се допира до него.

19. Знаеме дека ние сме од Бога, а целиот свет е во власта на лукавиот.

20. Исто така, знаеме дека Божјиот Син дојде и ни даде разум, за да Го познаеме Вистинскиот. И ние сме во Вистинскиот, во Неговиот Син Исус Христос. Тој е вистински Бог и вечен живот.

21. Дечиња, пазете се од идолите. Амин!

1 Јован 5