1 Јован 4:13-17 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

13. По тоа познаваме дека остануваме во Него и Тој во нас, што ни дал од Својот Дух.

14. И ние гледавме и сведочевме дека Бог Таткото Го испрати Синот како Спасител на светот.

15. Ако некој исповеда дека Исус е Син Божји, Бог останува во него и тој во Бога.

16. И ние ја запознавме и верувавме во љубовта, која Бог ја има кон нас. Бог е љубов: и кој останува во љубовта, останува во Бога и Бог останува во него.

17. Љубовта во нас дојде до совршенство во тоа: ние да имаме смелост во Судниот Ден, зашто каков е Тој, такви сме и ние во светов.

1 Јован 4