1 Јован 4:12-15 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

12. Бога никој никогаш не Го видел; ако се љубиме еден со друг, Бог останува во нас и Неговата љубов стана совршена во нас.

13. По тоа познаваме дека остануваме во Него и Тој во нас, што ни дал од Својот Дух.

14. И ние гледавме и сведочевме дека Бог Таткото Го испрати Синот како Спасител на светот.

15. Ако некој исповеда дека Исус е Син Божји, Бог останува во него и тој во Бога.

1 Јован 4