1 Јован 3:9-12 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

9. Секој, Кој е роден од Бога не врши грев, зашто Неговото семе останува во него; и не може да греши, зашто е роден од Бога.

10. По ова се познаваат Божјите деца и ѓаволските деца: секој, кој не врши правда и не го љуби својот брат, не е од Бога.

11. Зашто ова е веста што ја чувте од почеток: да се љубиме еден со друг!

12. Не како што Каин беше од лукавиот и го уби брата си. И зошто го уби? Зашто неговите дела беа зли, а на брата му - праведни.

1 Јован 3