1 Јован 3:20-23 БИБЛИЈА (Свето Писмо): Стариот и Новиот Завет (MKB)

20. зашто кога нашето срце нè осудува, Бог е поголем од нашето срце и знае сè.

21. Возљубени, ако срцето не нè осудува, имаме смелост пред Бога,

22. и што и да Го замолиме, примаме од Него, зашто ги пазиме Неговите заповеди и правиме што е благоугодно пред Него.

23. А Неговата заповед е оваа: да веруваме во името на Неговиот Син Исус Христос и да се љубиме еден со друг, како што ни заповедал.

1 Јован 3