6. Кој вели дека останува во Него, тој треба да оди, како што одеше Тој.
7. Возљубени, не ви пишувам нова заповед, туку старата заповед, што ја примивте од почеток; старата заповед е словото, што сте го чуле.
8. Но сепак ви пишувам нова заповед; - и тоа е вистинско и во Него и во вас - зашто темнината поминува, а вистинската светлина веќе свети.
9. Кој вели дека е во светлината, а го мрази својот брат, тој е досега во темнината.
10. Кој го љуби својот брат останува во светлината и во него нема соблазан.
11. А кој го мрази својот брат во темнината е и во темнината оди, и не знае каде оди, зашто темнината му ги заслепила очите.
12. Ви пишувам, дечиња, зашто ви се простени гревовите, заради Неговото име.
13. Ви пишувам, татковци, зашто Го познавте Оној, Кој е од почетокот; ви пишувам вам, млади, зашто го победивте лукавиот. Ви напишав, дечиња, зашто Го познавте Таткото.
14. Ви напишав, татковци, зашто Го познавте Оној, Кој е од почеток. Ви напишав, млади, зашто сте силни и зашто Божјото слово пребива во вас и зашто го победивте лукавиот.