5. И ова е веста што ја чувме од Него и што ви ја јавуваме вам: Бог е светлина и во Него нема никаква темнина.
6. Ако речеме дека имаме заедништво со Него, а одиме во темнина, лажеме и не ја вршиме вистината.
7. Ако пак одиме во светлина, како што е Тој Самиот во светлина, имаме заедница еден со друг, и крвта на Неговиот Син Исуса Христа нè очистува од секој грев.